ФА „КИТКА“ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „ВЕЛЕС 2019“

Фестивалот стартувашe со традиционално дефиле на сите учесници  низ велешките улици се до бината во амфитеатарот на Младинскиот парк каде се одржа свеченото отворање и првата фестивалска вечер.

Настапија домаќините од Фолклорниот ансамбл „Вила Зора“, а потоа фолклорните групи:„Санта Луција“ од Сардинија –Италија, КУД „Свети Сава“ од Република Српска БиХ, КУД „Кочо Рацин“ од Скопје,„Пржигда“ од Полска и Х.Е.М од Турција.

Фестивалот ќе трае до 6 јули, а годинава учествуваат вкупно 17 ансамбли од кои 11 се од земјава и шест од странство од Италија, Полска, Република Српска-БиХ, Хрватска, Бугарија и Турција.

На програмата, вечерва во 20.30 часот на истата сцена во Младинскиот парк ќе настапат „Распеани велешани“,Фолклорните групи „Морава“ од Бугарија и Х.Е.М. од Турција.ФГ „Санта Луција“ од Сардинија Италија, КУД „Свети Сава“ Р.Српска БиХ, ФГ „Пржигода“ од Полска и  Фолклорниот ансамбл „Китка“ од Ораовица Радовиш.

 






 






 

 



 




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза