ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ОПШТИНА КОНЧЕ „12-ТИ ЈУЛИ-ПЕТРОВДЕН“

Во присуство на голем број на гости, вчера беше одбележан празникот на општина Конче „12-ти Јули-Петровден“.

Овој ден беше со богата програма најпрвин беше положено свежо цвеќе на споменикот, потоа беше одржана свечената седница на која имаше обраќање и Градоначалникот Благој Илиев, а исто така беа доделени и признанија и благодарници на повеќе правни и физички лица за успешната соработка со општина Конче.

Градоначалникот Илиев изрази благодарност на сите гости за нивното присуство, истакнувајки дека Конче полека но сигурно прераснува во општина како сервис на граѓаните,  имаме проекти кои се реализираат, а некои допрва ќе започнат да се реализират, сите во интерес на граѓаните од сите населени места. Ликот и мислењето за најмалата општина во Југоистокот полека се менува – истакна Градоначалникот Илиев.

Културниот дел од оваа прослава беше збогатен со настап на фолклорните ансабли од општина Конче.


 






 






 

 



 




 

Related Articles

Временска прогноза