ОД ДЕНЕС „МОЈ ДДВ“ – ПОВРАТОК НА ДАНОК КОН ГРАЃАНИТЕ

Од денеска стартува „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти.

Преку оваа мерка, според најавите на власта, на крајот на годината во семејниот буџет влегува уште еден доход плус, а државата враќа 50 милиони евра назад кај граѓаните.

За да добијат поврат на парите, граѓаните со телефонска апликација ќе треба да ги скенираат баркодовите на фискалните сметки кои ги добиваат при купување или користење на некоја услуга.


Апликацијата МојДДВ е достапна за симнување преку следниот линк МојДДВ.


Апликацијата ќе може да ја користи секое лице над 15-годишна возраст со важечка лична карта и трансакциска сметка, кое е регистрирано во системот на Управата за јавни приходи. Ќе важи само за граѓаните и за фискалните сметки до 30.000 денари, но не и за фактури и сметки со сметкопотврди.

Апликацијата „Мој ДДВ“ дозволува скенирање само на валидни фискални сметки. Со скенирањето на баркодот системот на Управата за јавни приходи ги вчитува сите податоци од фискалната сметка, а незаконските компјутерски сметки системот нема да ги препознае.

На овој начин граѓаните ќе знаат дека тој што им издал ваква сметка им го скратил правото да им бидат вратени пари како заштеда, еднакво како и даночните обврзници што не издаваат фискални сметки.

 

 





 


 






 

 



 




 

Related Articles

Временска прогноза