ФК ПЛАЧКОВИЦА ЗАПОЧНА СО ПОДГОТОВКИТЕ – ПРЕТСТАВЕНИ НОВИТЕ ЗАСИЛУВАЊА ЗА СЛЕДНАТА НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА

ФК Плачковица од саботата започна со подготовките за претстојната натпреварувачка сезона, со што екипата веќе се комплетира и активно се работат редовните тренинзи на Градскиот стадион во Радовиш.

Подготовките се планирани да се одвиваат до 19 јули на Градскиот стадион, потоа се заминува на висински подготовки на Планината Плачковица, а на почетокот на месец Август се планирани и контролни натпревари.

Оваа сезона ФК Плачковица ќе стартува со костурот на екипата од квалитетните домашни играчи, како и новите засилувања и тоа: Марјан Таранинов, Глигор Николов, Витан Јанев и Славчо Јанев кои по една помината сезона во ФК Детонит повторно се враќаат во својот матичен клуб, Андреј Кудијан, Теодор Атанасов, Давид Астарџиев, Аце Михајлов од екипата на ФК Борец, Христијан Јордановски од ФК Кит-Го, Стојанче Костадинов од ФК Саса, Филип Крстевски од ФК Тетекс.

Во наредните денови екипата ќе се засили со уште најмалку двајца играчи – најавуваат од управата на ФК Плачковица.

Првиот контролен натпревар е закажан со екипата на ФК Кит-Го, додека новата натпреварувачка сезона во Втората фудбалска лига (Исток) започнува на  24 Август.

Од редакцијата на RadovisNews им посакуваме успешни подготовки и успешен старт на нашите фудбалери во новата натпреварувачка сезона.

 

 


 






 






 

 



 




 

Related Articles

Временска прогноза