Месец септември и започнување на новата учебна година во ООУ „Никола Карев“ се одбележа Европската недела на мобилност.
Во просториите на училиштето се организираше една од планираните едукативни активности на Вело училишта т.н „Вело меморија“- во која преку игра 60 ученици ги учеа деловите на велосипедот и ги вежбаат своите мемориски способности, со што успешно беше реализирана оваа забавно едукативна игра.
„Вело училишта“, е имплементиран од здружение на граѓани- Eко Логик и финансиски подржан од Швајцарска Агенција за развој и соработка.