Ракометарите на РК Радовиш, синоќа го одиграа натпреварот со екипата на РК Струга во Срц 25 мај во Радовиш.
Нашите ракометари во текот на целиот натпревар ја имаа иницијативата и покрај лошиот старт каде што на госите им дозволија минимално водство од 1-2 гола, сепак тие во текот на првото полувреме ја косолидираа одбраната и имаа цело време предност со што првиот дел заврши со резултат 14-12 за РК Радовиш.
Во вториот дел се продолжи со добра игра и релизација гол за гол, на крајот имајки и четири гола предност но на самиот крај РК Струга намали со два погодоци за конечните 29-27.
РК Радовиш е петти на табелата со шест бода заедно со четвртопласираниот РК Пелистеркои имаат исти бодови.
Следното коло нашиот тим го игра на гостински терен во Охрид.
РК РАДОВИШ – РК СТРУГА 29-27 (14-12)