На 07.10.2019 во 11.45 часот во Полициската станица Кочани, 35-годишен маж од Кочани пријавил дека бил измамен од лице од Радовиш, кој требало од Германија да му нарача музички инструмент.
Според пријавеното, во два наврати на сметка му уплатил 23.500 денари, но не го добил музичкиот инструмент.
Се работи на расчистување на случајот. – информираат од извештајот на МВР.