Патот покрај езерото Мантово, од Габревци до Влашките колиби целосно ќе се обнови патот кој ја поврзува општина Конче со клучката на патот Радовиш-Штип-Неготино.
Деновиве активно се работи на обележување на трасата која треба да се рехабилитира со нов асфалтен слој, екипи на изведувачот работат на терен, а се очекува во најскоро време да се започне со изведување на проектот.
Должината е 6.5 км, а исто така е предвидено, мапирање и одбележување на две пешачки патеки од 3 км, осветлување на Влашките колиби, поставување урбана опрема во туристичката населба Мантово.
Конче со 280 илјади евра кои се обезбедени за проектот има за цел да се подобри пристапот до викенд населбата Мантово, која станува атрактивна туристичка дестинација, со одличната местоположба и природата која ја има покрај езерото Мантово.
Sub-Project of the week (06) -Municipality of Konche
Погледнете ја видео презентацијата за Потпроектот ,,Подобрување на пристапноста и атрактивноста на Сончева езерска населба Мантово”. Во рамки на овој потпроект спроведуваме низа активности кои имаат за цел подобрување на впечатоците на посетителите во #ОпштинаКонче и промоција на природните убавини, здравата животна средина и традиционални вредности во оваа туристичка дестинација. #LRCP #ЕУЗаТЕБЕ #ОдржливиИнвестиции
Gepostet von LRCP – Проект за локална и регионална конкурентност am Montag, 17. Juni 2019