ИМЕНУВАН НОТАР ЗА РАДОВИШ И КОНЧЕ

Повеќе од две годни граѓаните на општините Радовиш и Конче за нотарски услуги мораа да патуваат во Струмица, и се изложуваат на дополнителни трошоци и губење време.

Долго време јавно се реагираше до надлежните конечно се реши овој проблем, официјална информација е дека веќе се има доделено решение на лицето Љупчо Јорданов за Нотар и вршење на нотарска служба.

Од Нотарот Љупчо Јорданов добивме информација дека во најскоро време ќе биде отворена нотарската канцеларија (која ќе биде на истото место како и претходните нотари) и ќе започне со работа и давање на нотарски услуги на граѓаните од Радовиш и Конче.

Од 2017 година во декември, поради пензионирање на претходниот нотар, Радовиш остана без овластено нотарско лице, па со одлука на Нотарската комора и Министерството за правда, работата за ова нотарско подрачје да ја вршеше нотар во Струмица.

 




 





 



 



 





 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза