Во градското дерби кое се одигра денес на Градскиот стадион во Радовиш, помеѓу двата клуба од нашата општина кои се натпреваруваат во Третата лига (Југоисток), ФК Раклиш славеше победа со резултат 3-2, полувреме 2-0.
Овој натпревар денес беше едно прекрасен спортски момент каде што нашите граѓани и љубителите н фудбалот има можност да уживаат и го проследат дербито кое беше долго време најавувано, и прекрасното неделно попладне и топлото време успеа да го направи овој ден празник за фудбалот во нашиот град.
Сепак раклишани успеаа, повеќе сконцентрирани во првото полувреме го реализираа тоа што им се даде шанса и отидоа на пауза со 2-0, второто полувреме уште во седмата минута Митев стрелаше и го постигна третиот погодок за ФК Раклиш, до крајот на натпреварот детонитци постигнаа два погодоци и тоа во 60 минута Горан Коцевски намали на 3-1, во 85 минута Мартин Ристов, првите погодоци во првото полувреме за ФК Раклиш ги постигнаа Антонио Филев во 19 минута, 45 минута Поцков реализираше.