Денеска БК Бучим со свечена прослава ја одбележува Европската и Светската клупска титула.
Борењето е дефинитивно еден од најуспешните и најтрофејните спортови во Македонија, а нашите борачи се водилка и вистински пример за останатите спортисти.
Еден од најголемите успеси на македонското борење и македонскиот спорт, кога екипата БК„Бучим – Јака“ во 1995 година ја освои титулата Европски клупски шамион во борење слободен стил во Париз – Франција, за да една година потоа го продолжи својот победоносен „од“ со освојувањето на првото место на Светскиот интерконтинентален куп во борење, одржан 1996 година во Радовиш.