Во месец октомври и почетокот на ноември се реализирани пет инфраструктурни проекти во Општина Радовиш. Вкупна инвестиција изнесува повеќе од 37 милиони денари.
Станува збор за изградба на нова делница на патот кон селото Смиљанци во должина од 2.7 км и бекатнски улици во селата Калаузлија, Тополница и Аликоч.
Во селото Ораовица се изгради отворен канал, изградба и асфалтирање со атмосферска канализација на улиците бр. 6 и 7.
„Со ваквите инвестиции се подобрува животот на граѓаните и се создаваат на услови за рамномерен развој на општината“ – информираат од Општина Радовиш.