РЕГИОНАЛЕН СЕМИНАР И ПОСЕТА НА ПРОЕКТОТ „ЕКО-ДРР“-РЕШЕНИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ

Регионален семинар и посета на Радовиш- Проект со ЈИЦА за Еко-системски базирани решенија за намалување на ризици од катастрофи (Еко-ДРР), кој се реализира во месноста кај Коџалија.


Природните катастрофи последниве години предизвикуваат големи штети со економски последици и доведуваат до тешка деградација на средината.

Соочени со последиците од влошените состојби во шумарството (шумските пожари, зголемена ерозија и деградација на шумското земјиште, лизгање – свлечишта, поплави и суши) мораме да се активираме за намалување на изложеноста и ранливоста на екосистемите како целина, а воедно и да го намалиме ризикот од катастрофалните последици за населението.


Во рамките на техничката соработка која се остварува помеѓу Владата на Македонија и Јапонија и втората фаза од имплементацијата на “Проект за градење на капацитети за Еко-системски базирани решенија за намалување на Ризици од катастрофи (Еко-НРК, преку одржливо управување со националните шуми”.

Целта на овој проект е преку употреба на повеќе-корисничката вредност на шумите, односно зајакнување на нивната заштитна функција, на долгорочна основа да се намалат ризиците од поројни поплави, лизгање на земјиште, ерозија на почвата и шумски пожари. 

Во рамките на овој проект се реализираат повеќе активности кои се однесуваат на национално ниво, меѓутоа проектот има поставено и т.н. Регионална компонента, каде се вклучени земјите од регионот на Западен Балкан, како Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија, а поканети се Хрватска и Бугарија како земји членки на ЕУ. Целта на оваа регионална компонента е да се споделат искуства и знаења стекнати при имплементацијата на националните активности како и да се промовира Еко-ДРР концептот во Регионот.

 

 




 





 



 



 





 

Related Articles

Временска прогноза