ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНЗУЛОВ ВО ПОСЕТА НА ТУРЦИЈА

Договрена собработка и финансиска помош од Светската унија на турски општини

Ноември, 3 до 9 – Градоначалникот Герасим Конзулов оставри работна посета на Република Турција во рамките на „Програмата за соработка и размена на информации и искуства“ по покана на претседателот на Светската унија на турски општини, г-нот Угур Ибрахим Алтај.


За време на посетата, градоначалникот Конзулов разговараше со градоначалникот од збратимената Општина Ергене, г-нот Расим Јуксел за интензивирање на соработката и добивање на финансиска помош за реализација на проекти од локално значење преку Светската унија на турски општини.


Програмата има за цел да ја продлабочи меѓународната соработка со Република Турција на меѓуопштинско ниво и се одржува еднаш во 4 години за нашата држава.
Во фокусто на тематските работни сесии беше работењето на локалните администрации и позитивните искуства и практики кои ги имплементираат турските општини.
Годинава на активностите кои се одржаа во 7 општини во градовите Истамбул и Бурса учествуваа 12 градоначалници од Македонија.


На завршната церемонија, во духот на пријателството и соработката, градоначалникот прими сертификат од г-нот Јуксел за учество во работат на овогодишната Програма.


 



 





 



 



 





 

Related Articles

Временска прогноза