ЗАПОЧНУВА ОТКУПОТ НА ТУТУНОТ

Денес треба се отворат пунктовите за преземање на годинашната реколта тутун со што и официјално ќе почне откупната кампања.

Според тутунските здруженија, родот годинава е околу 24.000 тони. Се очекуваат повисоки откупни цени зашто тутунот е со висок квалитет каков што немало со години.

Лани, просечната откупна цена беше 217 денари за килограм, а годинава, поради високиот квалитет, очекуваме најмалку 250 денари. Околу 60 отсто од тутунот е прва класа. Секако, откупувачите ќе сакаат да приберат кај себе повеќе од родот поради квалитетот – истакнуваат тутунопроизводителите.

Оваа година се очекува да се отупат повеќе од 24.000 тони.




 


 


 

 


 



 




 

 

Related Articles

Временска прогноза