ФК ДЕТОНИТ СО ПРЕСВРТ ВО НАТПРЕВАР ЗА ПАМЕТЕЊЕ ЈА СОВЛАДА ФК БРЕГАЛНИЦА ОД ДЕЛЧЕВО

Денес се одигра натпреварот од Третата фудбалска лига (Југоисток) каде што ФК Детонит ги одмери силите со ФК Брегалница од Делчево.

Уште на самиот почеток инцијативата ја имаше нашиот тим после неколкуте акции нереализирани, беше суден во 15 минута пенал за ФК Детонит кој неуспеа да го реализира Лиманов.

Овие грешка ги казнија гостинските фудбалери поведувајки со 0-1 во 42 минута. ФК Детонит израмни, 48 мин. Сердар Адемов, за резултат 1-1, гостите постигнаа погодок во 60 минута поведувајки со 1-2, наскоро во 62 минута постигнаа уште еден погодок, но овде застанаа, започна светлото издание на фудбалерите на ФК Детонит.

ФК Детонит го покажа најдоброто издание во последната четвртина од натпреварот, во 84 мин. Ѓокшен Лиманов намали на 2-3, Петров Бојан во 88 минута постигна гол за 3-3, а во самиот финиш од натпреварот победата за ФК Детонит ја донесе Реџеп Јашаров за резултат 4-3.

ФК ДЕТОНИТ – ФК БРЕГАЛНИЦА Делчево 4-3 (0-1)




 


 


 

 


 



 




 

Related Articles

Временска прогноза