ВО КОНЧЕ И РАДОВИШ РАБОТИЛНИЦИ ОД ПРОЕКТОТ „АКТИВНИ ЖЕНИ ПОДОБРИ ОПШТИНИ“

Во општините Конче и Радовиш во рамките на проектот Активни жени подобри општини се одржа втората работилница наменета за членови на: Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, Координатор за еднакви можности и вработени во општинската администрација.

Целта на работилницата е јакнење на капацитетот на локалните власти за вклучување на родовите аспекти во главните политики во процесот на планирање и буџетирање која е дел од проектот Активни жени подобри општини.

Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.


Главната цел на проектот е да се промовира поволно опкружување на заедницата прифатливо за жените и вклучување на родовите прашања во процесот на планирање на локалните власти преку локален дијалог со женски невладини организации, институции и жени на локално ниво.


На работилницата во Конче координаторот на КЕМ Тинка Ангелова го презентираше нацрт Годишниот план за еднакви можности на жените и мажите на Општина Конче за 2020, а во општина Радовиш беше во насока на Конципирање на нацрт Годишен план за еднакви можности на жените и мажите на Општина Радовиш за 2020.

 






 









 

 

Related Articles

Временска прогноза