КОНЕЧНО ДОДЕЛЕНА СПОРТСКАТА САЛА ВО ВЛАДЕНИЕ НА РАДОВИШ И РАДОВИШАНИ

Корисничкото право за користење конечно во владение денес беше доделено на општина Радовиш и радовишани!

Градоначалникот Конзулов и директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти Хајредин Шпенди денес го потпишаа договорот со кој трајното корисничкото право и стопанисување со СРЦ „25 Мај“ се отстапува на Општина Радовиш.

Враќањето на СРЦ „25 Мај“ следува по одлуката на Владата да ги врати спортските центри во владение на општините и спортските федерации. На овој начин општините директно ќе управуваат со објектите и ќе се грижат за развојот на спортот на локално ниво – Истакнуваат од Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти и општина Радовиш.






 








 


 

 

Related Articles

Временска прогноза