„ПРОЕКТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ“ – уредување на коритото на Сушица

Проектот„ Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи започнува да се имплементира во општините Сандански и Радовиш“ финансиран од ЕУ преку Интеррг-ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

Основна цел на проектот е спречување и ублажување на последиците од природните катастрофи од прекугранична дименизија, во нашата општина ќе се реализира уредување на дел од коритото на Сушица 624 метри, со поставување на каскадни прагови, кејски ѕид, уредување на дното и градење скали и рампи.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во партнерство со Општина Радовиш и Општина Сандански, ги имплементираат овој проект кој е со времетраење од две години.

 

Информираат од општина Радовиш

 






 








 


 

 

Related Articles

Временска прогноза