Со измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, лимитот за плаќање кеш се зголемува од 500 на 3.000 евра.
Во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на Република Македонија“ број 120/18), во член 182 по ставот (2) се додава нов став (3) кој гласи: „(3) Со влегувањето во сила на овој закон забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги од членот 48 од овој закон, ќе се однесува на готовински плаќања, во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги – се вели во законското решение.
Измените беа усвоени по скратена постапка во Собранието на 27 декември, а по иницијатива на неколку пратеници.