РАДОВИШКИ СОБОР -Премиера изведба на кореографска постановска

Националниот ансамбл „Танец“, кој со концерт одбележa 70 години постоење, а на овој концерт кој беше одржан на 20 декември, за прв пат беше изведено новото авторско дело на Јовица Блажевски, со наслов „Радовишки собор“.

Радовишки собор: (Премиера изведба на кореографска постановска). Кореографија: Jовица Блажевски: Музичка обработка: Дарко Илиевски: Изведува: Ансамблот “Танец”

Видеото е превземено од Youtube канал:   – Новогодишен концерт НУ „Танец“

Инаку авторот Јовица Блажевски јавно искажа благодарност до сите кои помогнале во оваа негово петто авторско дело. Авторот искажа благодарност до Дарко Илиевски кој ја изработи музичката кореографија и обработка, до НУ „Танец“, а посебно до изворните информатори, културни уметнички друштва, музичари, раководители од радовишко кои допринеле за создавање на оваа прекрасно дело кое ке остане трајно и изведувано на многу фестивали и настапи.

Авторот истакна благодарност и до раководителот на ФА Цветови, Велин Милев, членовите од Ињево, Ѓурга и Зорка кои успеле да помогнат во потрагата и ги најдат оригиналните носии во Ињево, и многу други.

На Авторот Јовица Блажевски и сите кои допринеле да се создаде оваа дело ние како редакција му честитаме, и веруваме дека ќе остане вредно за нас како крај и ќе претставува една кореографија која ќе се изведува многу години од многу изведувачи и ансамбли кој достојно ќе го претставуват Радовиш и Македонија.  

 


 


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза