ИЗБОР НА СПОРТИСТ, СПОРТСКА ЕКИПА И ТРЕНЕР ЗА 2019 – Објавен Огласот за пријавување на кандидати

Комисијата за култура, образование и спорт ги повикува сите спортисти и спортски екипи од општина Радовиш, кои имаат остварено спортски успеси во текот на 2019 година, да пријават кандидати на Јавниот оглас.

Пријавата треба да биде потпишана и заверена од страна на овластеното лице на спортскиот клуб или здружението кое го пријавува спортистот, спортската екипа, тренерот или спортскиот работник.

Во пријавата треба да бидат наведени постигнатите резултати во поединечна или во екипна конкуренција во 2019-та година, а во прилог да бидат приложени докази за истите  (копија од диплома, фотографија, извештај од федерација и сл.).

Рокот за доставување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на Јавниот оглас, заклучно со 21.01.2020 год.

Повеќе на следниот линкЈАВЕН ОГЛАС

 

Информираат од Општина Радовиш


 



Related Articles

Временска прогноза