ПРЕПОРАКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД „КОРОНА ВИРУСОТ“

Светската здравствена организација (СЗО) во насока на превенција од корона вирусот.

Мијте ги рацете веднаш по контакт со животински производи или животни, особено улични мачки, кучиња, глувци, птици. Избегнувајте допир на очи, нос и уста со немиени раце, се наведува во препораките кои ги сподели вчера преку својот профил на Фејсбук, министерот за здравство Венко Филипче.


Опасниот корона вирус веќе почна да се шета по поширокиот регион на Балканот. Неговото брзо ширење во северна Италија каде на работа има илјадници наши сограѓани, како и неговото појавување во Хрватска, создаваат можност вирусот да стаса и во Македонија.

Затоа мора и институциите и сите ние граѓаните да бидеме одговорни и подготвени за можниот предизвик.

Корона вирус е веќе регистриран во 25 земји низ светот. Прогласена е вондредна состојба на глобално ниво од Светската здравствена организација откако вирусот се прошири надвор од Кина, 

Од 99 пријавени пациенти имале воспаление на белите дробови и симптоми како грозница, кашлање, отежнато дишење, некои од нив имале болки во мускулите.

Првите двајца пациенти кои починале на изглед биле здрави, но долгогодишни пушачи, првиот на 61 годишна возраст со тешко воспаление на белите дробови. Починал 11 дена по приклучувањето на апарати, откако не му била пренесена доволна количина на кислород. Вториот смртен случај, маж на 60 годишна возраст, настанал кога пацинетот паднал во септички шок по паднатиот крвен притисок. Откако беше регистриран корона вирусот од 99 заболени 11 починале, а 57 и понатаму се хоспитализирани во болница. Главно погодена категорија се мажите на средни години.

Голем број на пацинетите веќе биле заболени и имале слаб имунитет.


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза