Interactive Advertising Bureau (IAB) е светска организација за унапредување на дигиталниот маркетинг. Основана е 1996 во Њујорк а во моментов има 43 ИАБ лиценцирани канцеларии кои работат во земји ширум светот и една регионална IAB канцеларија, во Европа.
IAB Македонија е отворена 2012 година, а во него членуваат голем број на маркетинг агенции, медиуми и компании кои се залагаат за развој на дигиталниот и интерактивниот маркетинг во земјата.
Кодексот има за цел да ги пропише правилата на најдобрите практики во дигиталното издаваштво и огласување, со цел сите индивидуални лица и компании кои се поврзани со дигитално издаваштво и огласување и кои делуваат на територијата на Македонија меѓусебно да ги регулираат и заемно да ги почитуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми.
Како дел од глобалната iab мрежа, оваа асоцијација има за цел:
- да ги спои професионалците од областа на Маркетингот;
- да го унапреди дигитаниот маркетинг во Македонија;
- да го зголеми огласувањето преку дигитални медиуми преку обуки предводени од лидери во индустријата;
- Да постави стандарди за дигитално огласување на пазарот и мерења да податоците во врска со истото;
- Да организира семинари, подиумски дискусии, трибини, конференции со теми од областа на дигитални медиуми;
-