РК Радовиш кој ги започна подготовките за претстојниот дел од првенството, активно ги реализира тренинзите во ладната спортска сала во Радовиш.
Тренерот Мијалов истакна дека и покрај минималните услови во салата екипата се подготвува и следната недела ке се одиграт два контролни натпревари.
РК Радовиш ќе гостува во Прилеп на истоимената екипа РК Прилеп, и во Кавадарци кај ГРК Тиквеш. Планирано е да се одиграт уште 3-4 контролки пред почетокот на пролетниот дел на сезоната кој започнува на 29 февруари, а во Радовиш ни гостува РК Пролет од Скопје.