ФИЗИЧКИ НАПАД ВО КАЛАУЗЛИЈА. САНКЦИОНИРАНИ ВОЗАЧИ КОИ УПРАВУВАЛЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ

На 23.02.2020 во 23.50 часот во Полициската станица Радовиш, А.А.(45) од село Калаузлија, радовишко, пријавил дека во село Калаузлија бил физички нападнат од К.А. од истото село.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


Во периодот од 22.00 часот на 22.02.2020 до 04.00 часот на 23.02.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица, каде што спаѓа и ПС Радовиш била спроведена акциска контрола над возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Притоа, било констатирано дека двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол и тие биле соодветно санкционирани.  

Информираат од МВР


 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза