ЗАПОЧНУВА РИБОЛОВНАТА СЕЗОНА НА МАНТОВО – известување за дозволите и начинот на плаќање

Почитувани рекреативни риболовци.
 
Дпту Риба и Риболовци дооел како концесионер за организирање на рекреативен риболов на акумулација Мантово сака да ве извести за висината на цените на дозволите кој остануваат непроменети од минатата година.
Дневна 250 ден. Седумдневна 1000 ден. Петнаесетдневна 1500 ден. Годишната 3000 денари.
 
На барање на дел од рекреативните риболовци за годишната дозвола да може да се извади и на рати .
Од страна на концесионерот оваа барање е прифатено.
Секој рекреативен риболовец кој сака да извади на рати годишна дозвола правилата се следни.
Од денот на зимање на дозволата може месечно на рати да уплати онолку средства колку е во негова можност , но вкупниот износ од 3000 денари да биде исплатен заклучно до јуни месец 2020 година.
 
Како примери се дадени два модела.
Пример 1. Февруари 600 ден, март 600 ден, април 600 ден, мај 600 ден, јуни 600 денари = вкупно 3000 денари.
Пример 2. Февруари 500 ден, март 700 ден, април 500 ден, мај 800 ден, јуни 500 ден, вкупно 3000 ден.


 
Концесионерот на сите рекреативни риболовци им посакува успешен риболов на акумулација Мантово.

Дпту Риба и Риболовци дооел концесионер за организирање на рекреативен риболов на акумулација Мантово.


Related Articles

Временска прогноза