РАДОВИШ ИЗБРА СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА И СПОРТСКА ЕКИПА ЗА 2019 ГОДИНА

Спортисти, тренери, спортски работници, претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општина Радовиш, беа дел од традиционалната манифестација „Спортист на годината“.

Претходно комисијата за образование, спорт и култура и Советот на општина Радовиш врз основа на објавениот Оглас за пријавување на спортисти, спортски работници и спортски екипи а согласно Правилникот за критериуми за избор на спортист на годината, извршија избор на најдобрите поединци – спортисти во различни категории, спортски екипи, тренер, спортски работник и посебни спортски достигнувања за изминатата 2019-та година.Манифестацијата беше отворена со поздравен говор на Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов.

Доделени Плакети на најмладите спортисти и тоа на: Марко Илиев од Џудо клуб „Сенсеи“ за Спортска надеж, на Мехмет Усеинов од Боречки клуб „Бучим“ и на Магдалена Трајчева од Џудо клуб „Сенсеи“ во категоријата Пионери.

Доделени Плакети на: Училишната спортска екипа „Никола Карев“, на Филип Трајанов и на Ивица Илиев од Ракометниот клуб „Радовиш“, на Гоце Димовски од Пинг-понг клубот „Радовиш“, како и на кадетите Арон Николов и Зорица Јованова од Боречкиот клуб „Бучим“.

Плакети на Горан Атанасов за спортски тренер на годината и на Владо Лазаров од Боречкиот клуб „Бучим“ за спортски работник. На крај од страна на Градоначалникот Конзулов, беа доделени Плакетите за спортски екипи на годината на: Алпинистички клуб „Плоча“, СРРК „Крап“ и Пинг-понг клуб „Радовиш“, како и Плакетите на Мирко Василев од Муаи Таи клуб „КОМБАТ“ за Спортист на годината – категорија Јуниори и на Александар Стојанов од Боречкиот клуб „Бучим“ за Спортист на годината – категорија Сениори.

Од страна на Градоначалникот беше упатена јавна благодарност до сите компании кои даваат поддршка и придонес за развојот на спортот во Радовиш.

Фотогалерија – Општина Радовиш

 


 

Related Articles

Временска прогноза