32 ЛИЦА – МИГРАНТИ ПРОНАЈДЕНИ НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ КАЛУЃЕРИЦА – ПОДАРЕШ

На 16.02.2020 околу 19.30 часот на локалниот пат с.Калуѓерица – с.Подареш, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле товарно мототрно возило „форд транзит“ со гостиварски регистарски ознаки во кое имало 32 лица – мигранти (девет лица од Авганистан, 14 од Пакистан, седум од Египет, едно од Индија и едно лице од Турција).

Возачот побегнал од местото пред доаѓањето на полициската патрола, а по наредба на јавен обвинител мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба“ во Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Информираат од МВР

 


 

Related Articles

Временска прогноза