Одделение за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против М.Т. (44) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување на заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 20.03.2020 полициски службеници при извршена контрола констатирале дека пријавениот не ги почитувал мерките за самоизолација.
Одделение за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Р.К. (23) од село Подареш, Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување на заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22 март 2020 полициски службеници при извршена контрола констатирале дека пријавениот не ги почитувал мерките за самоизолација.
Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Ф.Ј. (43) и П.Ј. (19), двајцата од село Подареш, Радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување на заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22 март 2020 полициски службеници при извршена контрола констатирале дека пријавените не ги почитувале мерките за самоизолација.
Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Р.В.(59) од село Добрејци, Струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25 март 2020 во 00.50 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Македонија.
Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против С.П. (30) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24 март 2020 во 22.45 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.
Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Б.Т. (23) и М.Т. (21) двајцата од село Ораовица, Радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 22.00 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавените не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Д.(44) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25 март 2020 во 23.10 часот, на ул.„8 Септември“, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ф.Н. (27) од село Бучим, Радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26 март 2020 во 22.40 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Н.(54) од село Подареш, Радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26 март 2020 во 22.30 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.В.(39) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дел „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26 март 2020 во 22.30 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.
Отсекот за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против В.В.(60) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25 март 2020 во 02.50 часот, полициски службеници на контролен пункт во Градско констатирале дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки.
Ова се дел од кривичните пријави за непочитување на мерките за самоизолација и полициски час.
Информираат од МВР