„МОЛИТВА ЗА МАГДАЛЕНА“ – Безвременскиот хит со видео од нашите Орце и Ангел

Преку „Магдалена“ од Оливер Драгоевиќ, нашите Ангел Јовески и Орце Трајанов успеаа да направат прекрасно видео на безвременскиот хит.

Промоцијата беше вчера каде што нашите сограѓани преку оваа прекрасна изведба им го честитаа празникот 8 март на сите припаднички од понежниот пол.

Инаку оваа видео беше изработено од ShowTime продукцијата, се снимаше во Diamont Хотел во Радовиш, а како артист во спотот се јавува Кристина Крстева, озвучувањето и светлосните ефекти се од дечките на River Sound.

,,По пауза од една година сакавме да објавиме нешто што ќе ја изненади и повозрасната и помладата публика. Хитот на Оливер ,, Молитва за Магдалена’’ сметавме дека го знаат сите и се одлучивме токму за овој безвременски хит. Финалниот продукт односно видео записот на овој хит во наша изведба, излезе фантастично и премногу сме задоволни,, ни изјави Ангел Јовевски од Радовиш кој две сезони беше дел од големото музичко шоу на Балканот ,,Звезде Гранда“ – истакнаа нашите музичари за порталот Дрнка.мк.

Честитки од порталот RadovisNews за оваа прекрасно видео до нашите музичари и продукцијата која едноставно го направила најдоброто од возможното!

 

Слушнете и погледнете:

Related Articles

Временска прогноза