Како што информиравме пред неколку денови, ЈП „Плаваја“ деновиве активно работи на кастрење на дрвата и гранките низ градското подрачје, и кејот на Радовишка река, денес се продолжи со работата во централното градско подрачје со кастрењето на дрвата и гранките.
Екипи на ЈП „Плаваја“ денес работеа на градскиот плоштад.
Од ЈП „Плаваја“ замолуваат, граѓаните да го намалат движењето во тој дел на градот ( ул.22ри Октомвири до спој со ул.Коста Сусинов), сите паркирани автомобили и други превозни средстав да бидат отстранети, како и да бидат отстранети сите мобилни настрешници додека трае кастрењето.