Од општина Радовиш информираа дека е во завршна фаза капиталниот проект со кој се обезбедува вода во текот на целата година за граѓаните во населба Куклевица.
Останува уште спојувањето на цевководот со резервоарот, со што градежните активности ќе бидат завршени- информираше Градоначалникот Конзулов.
Проектот е финансиран со кредит од германската KfW Банка каде гарант е Општина Радовиш а изведувач на градежните работи „Жикол“ од Струмица.
Проектот предвидува нов цевковод од резервоарот во Коџа Баир до нов резервоар во Куклевица; нов цевковод од Раклиш до нов резервоар во Куклевица; нов цевковод од нов резервоар во Куклевица до дистрибутивна мрежа; нов резервоар во Куклевица V = 600 m3; потисен цевковод од пумпна станица „Куклевица“ до спојна шахта Раклиш како и набавка и транспорт, инасталација и пуштање во употреба на мерно-регулаторна опремa.