Нашата редакција претходно во неколку објави имаше апели и повици до надлежните институции за спречување на дрвокрадството и уништување на нашите шуми.
Денес бевме сведоци на една акција и спроведување на лица кои имат бесправно сечено шума, акцијата ја спроведуваше Шумската полиција и дел од вработените во Полициската станица во Радовиш, присутен на оваа акција беше и Градоначалникот Герасим Конзулов.
Да се надеваме дека со ваквите акции и спречување на дрвокрадството ќе го заштитиме нашето природно богатство „Шумите“.
https://www.facebook.com/RadovisVesti/videos/594443531171482/