ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА НАПРАВЕНИ 500 ТЕСТА, 12 ОЗДРАВЕНИ ПАЦИЕНТИ ОД КОВИД-19

Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Скопје 10, Куманово 27, Штип 3, Прилеп 4, Тетово 5, Струга 4, Велес 2, Охрид 5, Гостивар 1, Кочани 3 и Неготино 2. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 974 лица.

Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
Скопје 339
Куманово 262
Дебар 49
Штип 31
Прилеп 89
Тетово 43
Струга 47
Велес 36
Битола 9
Охрид 9
Кавадарци 3
Гостивар 10
Гевглелија 4
Струмица 2
Крива Паланка 4
Радовиш 4
Крушево 3
Кочани 25
Пробиштип 2
Кичево 1
Неготино 2

Во изминатото деноноќие направени се 500 теста. Досега во земјата се направени вкупно 9.762 тестирања на КОВИД-19.

 

Информираат од Министерството за здравство

 

 



Related Articles

Временска прогноза