61 ЧАС, УТРОВО ЗАВРШИ НАЈДОЛГИОТ ПОЛИЦИСКИ ЧАС

61 час жителите во Македонија не смеа да ги напуштат своите домови поради мерката за воведување на полициски час, овие мерки беа донесени со цел спречување на ширењето на коронавирусот во Македонија.

Полицискиот час траеше 61 час, а исто така се регистрирани прекршувања за кои МВР и Јавното обвинителство ќе покренат соодветни прекршочни пријави.

Освен редовните контролни пункта на влезовите во Радовиш вчера посетивме уште еден пункт и тоа во Општина Конче кај бензинската пумпа каде што имаше присутни полицајци кои вршеа контрола. 

Од нашата репортажа преку фотогалеријата забележавме редовно движење на лица кои пристигаат и одат на своите работни места, земјоделците кои ја вршеа својата работа по своите ниви и посеви.



About the author /


Related Articles

Временска прогноза