ВИРУСОТ Е УШТЕ ТУКА ДА БИДЕМЕ ВНИМАТЕЛНИ, ГРАЃАНИ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ – информираше министерот за здравство Венко Филипче

Денес престанува важењето на забраната за ограничено движење, а угостителските објекти да почнат да работат од утре. За нив има прецизирани протоколи во зависност дали се затворени или имаат тераси.

Ќе престанат да важат заклучоците на Владата од 1 јуни 2020 со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на тековните активности, како што се работа од дома, патување за работа во Скопје, организирање на работниот процес со ротации.

Одлуката ќе биде придружена со соодветен протокол за работа – за просторни услови, физичко растојание, носење лична заштита итн. Ова нема да важи за хронично болните, а отстапка засега ќе има и за родители на деца до 10 години или деца од предшколска возраст затоа што сè уште нема одлука за отворање на градинките.

„Граѓаните да ги почитуваат мерките, тие остануваат на сила и следува казни за секое нивно непочитување. Да носиме здолжително заштитна опрема, често да ги миеме рацете, како и да ја одржуваме потребната физичка дистанца од 1.5 до 2 метра. Вирусот е уште тука, да бидеме внимателни, напиша на својот Фејбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

 


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза