КУРС ПО ПРВА ПОМОШ ЗА ВОЗАЧИ- прв после прогласување на мерките за заштита

По прогласување на мерките за заштита од корона пандемијата во месец март Црвен крст Општинска организација Радовиш ја стави во мирување курсната настава по прва помош за возачи, фокусирајќи се на активности за помош и подршка на населението за превенција од корона вирусот.

Од минатата недела со олеснување на меките за заштита од корона вирусот, поточно на 18 мај 2020 година се отпочна повторно со организација и реализација на курсната настава по прва помош за возачи во просториите на Општинската организација на Црвениот крст Радовиш. Денес 28.05.2020 год беше и вториот курс по прва помош.


Поради зголемениот интерес на кандидатите во текот на неделата во тек се обуки за повеќе групи, а исто така и наредната недела продолжуваме со формирање на групи и одржување на курсната настава во просториите на Општинската организација.

Од страна на Црвен крст максимално се испочитувани сите препорачани заштитни мерки и воведен е протокол на движење на кандидатите, кои пред влез во предавалната подлежат на процес на мерење телесна температура и дезинфекција на обувки и на раце.

Групите за следење настава се во намален состав, а помеѓу кандидатите е овозможено физичко растојание согласно пропишаните норми.

Ви благодариме што го чувате сопственото и колективното здравје!

ОО Црвен Крст Радовиш

 

 


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза