ТЕКОВНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ (Фото)

Утринава сме сведоци дека продолжува дезинфекцијата и заштитата од ширење на вирусот, врз основа на претходно донесената одлука на Општинскиот штаб за заштита и спасување и препораките и денес  ЈП „Плаваја“ вршеше редовна дезинфекција пред Здравствениот дом во Радовиш и другите јавни површини низ општината.

И покрај дезинфекцијата остануваат на сила сите препораки и заклучоци на Владата и Министерството за здравство за спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19 (корона вирус).

Општина Радовиш и ЈП „Плаваја” апелираат на нивно максимално почитување!


About the author /


Related Articles

Временска прогноза