Денес се асфалтираше нова делница на патот кон планината Плачковица над месноста викана Друм.
Започнаа работите и асфалтирањето на новата втора делница во должина од околу 7000 м. со ширина од 5 метри на коловозот, со нов асфалтен слој од 6 см. градежните работи ги изведува Македонија пат Штип. Средствата се обезбедени од Министерството за транспорт и врски.
Со оваа асфатирање ке бидеме комплетни со 10 км. реконструиран и асфалтиран дел кон Плачковица, надевајќи се дека и следната година ќе успееме да ги докомплетираме уште останатите седум километри за целосна реконструкција на овој патен правец кој за прв пат се реконструира од неговото постоење и изградба – истакна Градоначалникот Конзулов.
Исто така до доставена е информација за запознавање на граѓаните дека во следните денови во периодот од 09:00 – 17:00 часот поради работи-асфалтирање на дел од патот кон Плачковица ќе има времени прекини на сообраќајното движење. Тоа значи дека активности ќе има и утре во сабота, и следниот работен ден од понеделник.
https://www.facebook.com/RadovisVesti/videos/2580680458916485/