ТЕСТ САМО ЗА ЛИЦАТА ОД ДРЖАВИТЕ КОИ ГО БАРААТ И НА НАШИТЕ ГРАЃАНИ -Аеродромите остануваат затворени

Вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести бил со голем број на предлози а се разговарало за тоа како ќе се одвива процесот на отворање на границите. За почнувањето со работа на двата аеродроми во земјава на денешната седница воопшто не станало звор бидејќи како што велат сеуште е рано, додаваат дека на некој од наредните состаноци ќе го отвориме и ова прашање.

Од Комисијата за заразни болести велат дека ќе важат реципроцитетни мерки со државите а тоа ќе значи:  За влез од Србија во нашава земја нема да се бара тест за корона вирусот, бидејќи и Србија не бара од нашите граѓани, истото ќе биде и со Албанија. Што се донесува до останатите соседни држави Грција најави отворање на границите на 1.јули, но се уште нема конкретни информации како ќе се одвива протокот на патници помеѓу нашата земја и Грција. Истовремено, остануваат затворени и границите со Бугарија, велат од Комисијата за заразни болести.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза