ЕКОЛОШКАТА АКЦИЈА НА МАНАСТИРСКИОТ КОМПЛЕКС СВ. ГЕОРГИЈ ВО ОРАОВИЦА (фото)

Околу триесетина граѓани во неделата своеиницијативно се организираа и спроведоа една еколошка акција за чистење и уредување на дел од комплексот на манастирот во Ораовица.

Како што истакнаа учесниците еколошката акција започнала утрото во неколку групи, а секоја група си го сработувала својот план. Косење на тревата и собирање на истата, чистење на отпадоци, прочистување на базенот и негово заштитување (градење на мрежа), чистење на патеката, бината (на Ф.А Китка) и многу други места.

 

Меѓу учесниците во акцијата имало и разговори дека вакви еколошки акции му се потребни на комплексот, но исто така дека како граѓани треба да се срамиме од глетката затекната во околината на комплексот и со големи количини расфрлано ѓубре.

Крајот од денот заокружен со вкусно манастирско бобче и дружење помеѓу учесниците…


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате

согласност на нaведените Услови за користење.


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза