МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ПРОТИВ НЕЛЕГАЛНА ТРГОВИЈА СО ДРОГА И ЗЛОУПОТРЕБА

Меѓународниот ден на Обединетите нации (ОН) за борба против користење и недозволена трговија со дрога се обележува секоја година на 26 јуни за да ја подигне свеста за овој значаен проблем во општеството. Овој ден е поддржан од поединци, заедници и различни организации во целиот свет.

Поттик за ова бил и зголемениот број на луѓе кои користат дроги, ризикот од употребата по нивниот живот, како и проблемите со кои се соочуваат најголемиот број земји во светот, како резултат на илегалната трговија со дрога.

Овој ден секоја година се одбележува со разни јавни дебати, акции и кампањи во организација на Организацијата за дрога и криминал при Обединетите нации.

Во декември 1987 година Генералното собрание на ОН одлучи 26 јуни да го означи како Меѓународен ден против злоупотреба и недозволена трговија на дрога. ОН беа решени да помогнат да се создаде меѓународна заедница ослободена од злоупотреба на дрога. Оваа резолуција препорачува понатамошно дејствување земајќи ги во предвид извештајот и заклучоците од Интернационалната конференција за злоупотреба на дрога и нејзина нелегална трговија, во 1987 година.

Следејќи ја резолуцијата, годините од 1991-та до 2000-та беа прогласени за „Деценија на Обединетите Нации за борба против злоупотреба на дрога“. Во 1998 година Генералното собрание на Обединетите нации усвои политичка декларација која се однесува на глобалниот проблем со дрогата. Декларацијата ја изразува посветеноста на членките на ОН за борба со овој проблем.

Денес дрогите претставуваат значаен предизвик за целото општество, а особено за младите. Се смета дека во светот 200 милиони луѓе земале дрога барем еднаш годишно. Во светот постојат 25 милиони луѓе кои се зависни од дрога. Секоја година во светот 200.000 луѓе умираат од болести поврзани со употребата на дроги.

Трговијата со дроги е сè уште најпрофитабилниот бизнис во светот, поврзан со организиран криминал. Дрогите проникнуваат во економиите низ светот со милијарди евра поврзани со перење пари и корупција.

Илегалната употреба на дрогата ги прави корисниците неприфатени од општеството, и таа влијае на квалитетот на животот. Стигмата и дискриминацијата кон овие лица е значително изразена.

Најзасегнати со проблемот на употреба на дрогите се младите, кои најчесто од љубопитство и под влијание на нивните врсници започнуваат да експериментираат со дрогите, незнаејќи до каде употребата на дроги може да ги доведе во животот.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза