Дали сме безбедни ние како пешаци или учесници во сообраќајот: Бегајќи од полиција предизвикале тешка сообраќајна несреќа – биланост 1 лице загина, 10 повредени
Според информациите и некои очевидци во еден автомобил имало мигранти кои се превезувале со голема брзина, бегајќи од полицијата најпрвин удриле во едно возило и педесетина метри потоа излетале од патот и се забиле во ѕид, до автомобилот седеле и лежеле и неколку лица.
Пожарникарите со специјални хидрауличени алатки успеале да се извадат повредените од возилата, тие на својата страница објавија за интервенцијата: „Денес (понеделник) 08.06.2020 година, во 18.48 часот на регионалниот пат Струмица – Радовиш (на влезот во селото Василево) , ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа помеѓу 2 патнички моторни возила. 1 лице е починато на лице место, а 10 се потешко или полесно повредени. Користени се специјални хидраулични алатки за да се извадат повредените од возилата“.
„Бегајки од полицијата удрилo во патничко моторно возило Пасат управуван од жител од Градашорци. По ударот возилот со мигранти излетало од патото и се забило со бетонска ограда a на повредите подлегнал возачот на пасатот – информираше порталот Дрнка. Попладнево околу 19 часот на магистралниот патен правец Струмица-Радовиш пред влезот кон Василево се случи тешка сообраќајка помеѓу две патнички возила во која едно лице загина а десетина други се повредени, заради што сообраќајот се одвиваше по споредниот патен правец.“
*ТППЕ Струмица (фото)