РЕЗЕРВОАРОТ ВО ЗАВРШНА ФАЗА – проблемот со водоснабдувањето се решава пред летната сезона (фото)

Во завршна фаза е капиталниот објект со кој ќе се обезбед вода во текот на целата година за граѓаните во населба Куклевица.

Како што претходно информиравме  проектот предвидува нов цевковод од резервоарот во Коџа Баир до нов резервоар во Куклевица; нов цевковод од Раклиш до нов резервоар во Куклевица; нов цевковод од нов резервоар во Куклевица до дистрибутивна мрежа; нов резервоар во Куклевица V = 600 m3; потисен цевковод од пумпна станица „Куклевица“ до спојна шахта Раклиш како и набавка и транспорт, инасталација и пуштање во употреба на мерно-регулаторна опремa.

Проектот е финансиран со кредит од германската KfW Банка каде гарант е Општина Радовиш а изведувач на градежните работи „Жикол“ од Струмица.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза