ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ДА ПРИЈАВАТ АКО НЕКОЈ ИМ ВРШИ ПРИТИСОК

Од јавниот сектор вработените преку алатка објавена на веб-страницата на Министерството за информатичко општество имаат можност да пријават ако некој им врши притисок.

„Доколку некој врши притисок во работниот процес вработените во јавниот сектор можат тоа да го пријават, Министерството за информатичко општество ќе ги проследи сите пристигнати пријави, Јавниот сектор мора да работи без притисоци и без да биде во служба на некој друг – рече министерот Манчевски.

Може да се поднесуваат Пријави анонимно, но доколку некој сака да ги остави и податоците, Манчевски вели дека тие ќе бидат заштитени.

 

Алатката за пријава на притисоци за време на кампања Министерството веќе имало координација до Државната комисија за спречување корупција, со Народниот правобранител, со Агенцијата за вработување и сите засегнати институции.

Манчевски објасни дека ова е нова алатка со посебна намена за време на изборната кампања, различна од досегашната алатка каде што администрацијата можела да пријави притисоци и каде што, со еден исклучок кога имале 10 пријави, бројот на пристигнати пријави бил едноцифрен и биле несоодветни оти се однесувале на приватниот сектор.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза