ИЗБОРИТЕ НА 15 ЈУЛИ- дополнителни мерки за заштита за време на изборниот процес

Претседателот на Собранието Џафери треба да потпише ново решение за одржување на изборите на 15 јули, а Државната изборна комисија потоа да донесе нов роковник за изборите.

Најголемите политички партии во земјата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ после два месеци постигнаа договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули, кои  требаше да се одржат на 12 април, но по прогласувањето на првата вонредна состојба поради кризата со коронавирусот во март, со владина Уредба изборните дејствија беа прекинати.

ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Централниот комитет донесе одлука дека ќе учествува на изборите на 15 јули.

Како што соопшти партискиот лидер, Христијан Мицкоски по седницата, ВМРО-ДПМНЕ очекува Џафери да ги закаже изборите.

Од пред Централниот штаб, Мицкоски истакна дека договорот околу датумот се одолговлекувал зашто не можел да прифати избори кои ќе значеле газење по човечки животи и по здравјето на граѓаните. Се водел од заштитата на здравјето и волјата на народот. СДСМ ги прифатила двата услова (принципи) – да има протоколки за заштита на ранливите категории граѓани, тие да гласаат од дома, правила кои, рече, досега не биле прифатени, како и присуство на Мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

-Ова е тест без поправен испит, победа на доброто над злото, победа на правдата над неправдата, на вистината над лагата, имаме економско фијаксо, капитулација во здравстениот систем, а стратегиските интереси не се остварени. Ова е точка од која нема враќање, иднината на Македонија е во ваши раце, им порача Мицкоски на граѓаните, додавајќи дека следува обнова.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев најави дека 15 јули, среда, е неработен ден за сите граѓани, ден за гласање, ден за одлуки и за спас на државата од кризата во која влеговме.

– За да не страда народот и за да им се овозможи на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покажат својата одговорност, го заклучуваме 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата. Бараа средината на јули – еве им средина на јули, напиша Заев на ФБ.

Се знае кој и во минатото бил најодговорен пред народот и државата, така и овој пат, пишува Заев, СДСМ ја покажува својата големина, разбирање и одговорност.

Изборниот молк би почнал на 12 јули на полноќ. Гласањето на изборниот ден, 15 јули, би траело од 7 часот наутро до 21 часот вечерта. На 13 и 14 јули би гласале болните, изнемоштените и оние кои се позитивни на коронавирусот или се наоѓаат во карантин или самоизолација.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате

согласност на нaведените Услови за користење.


 

Related Articles

Временска прогноза