СИНОЌА КАЈ КЛУЧКАТА ПРЕД РАДОВИШ ПРОНАЈДЕНИ 17 МИГРАНТИ

Под надвозникот на магистралниот пат Струмица – Штип, кај клучката за Радовиш синоќа околу 21.00 часот од полициски службеници од Полициската станица Радовиш биле пронајдени 17 лица-мигранти, од кои двајца од Пакистан, еден од Сомалија, пет од Иран и девет од Авганистан.

„Во близина од надвозникот, покрај патот за Радовиш, било пронајдено и патничко возило „рено лагуна“, со тетовски регистарски ознаки, за кое пронајдените мигранти изјавиле дека биле истоварени од него“, соопштија денеска од МВР.

По наредба на Јавен обвинител мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

 

 

*фото Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза