СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОЕКТ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КОРИТО НА РАДОВИШКА РЕКА

Согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2020 година на Министерството за животна средина и просторно планирање утре ќе се спроведе проектот за чистење на корито на Радовишка река, долж течението на реката низ централното градско подрачје.

Носител на проектот е фирмата Клин Кат Сервис од Скопје со асистенција на ЈП Плаваја во делот на одложување и транспорт на ѓубрето.

Целта на овој проект е да се унапреди зачувувањето на здравата животна средина во самиот град, како и подигнување на свеста кај локалното население за зачувување на здрава животна околина и придобивките од истата.

Информираат од општина Радовиш

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза