ГРАЃАНИТЕ ОД СРБИЈА, КОСОВО, БИХ И ЦРНА ГОРА СО „ПЦР ТЕСТОВИ“ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА – дали ќе се донесе оваа одлука?

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака, Комисијата ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.

 

Информираше Министерот за Здравство

 

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза